Северина го изгуби старателството над синот – Александар ќе живее со татко му


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пејачката Северина го загуби старателството над синот Александар. Според судската одлука, детето ќе живее со неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Пејачката и нејзиниот бивш партнер денес требаше да се сретнат на Општинскиот граѓански суд во Загреб, но тие двајцата не се појавија таму.

Судијката Теа Голуб донесла привремена мерка и одлучила детето да живее со таткото, кој самостојно треба да се грижи за неговото здравје и образование. Во судската одлука не е наведено на која адреса ќе живее Александар.

Правните застапници на Северина ќе се обидат оваа одлука да ја оспорат врз основа на фактот дека против Поповиќ поднеле пријава за повреди на правата на детето.

„Задоволни сме со пресудата, иако таа уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува до привремените мерки“, изјави адвокатот на Поповиќ.

Мерката стапува на сила веднаш, а Северина наводно ќе може да се гледа со Александар два пати неделно после пладне и секој втор викенд од сабота наутро, до недела навечер.

„Немам никаков коментар“ кратко изјави Поповиќ.