Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најновите научни истражувања покажаа дека максимална природна должина на животниот век е 125 години.
Истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет „Алберт Ајнштајн“ во Њујорк спроведе истражување за да открие зошто луѓето не можат да живеат подолго од 125 години. Официјално, најстарата личност на светот е Французинката Жане Калме која почина во 1997 година на 123 години.
Експертите тврдат дека луѓето едноставно не можат да живеат подолго со оглед на тоа дека телото достигнува одредена граница на пропаѓање, после која не е можно враќање во претходната состојба.
Иако е затемелено мислењето дека животниот век во просек се продолжува, научниците дошле до заклучок дека таа појава е делумно предизвикана поради помалата стапка на смртност на новороденчиња и деца, што автоматски ја поместува горната граница на просечниот животен век.
Истражувачите се согласни дека луѓето од деценија во деценија навистина живеат подолго, но само до одредена граница, која е 125 години.