Авто мото

Сета оди за извоз: Се „дават“ во нафта, а не ја користат

Како што тргнала работата, зголемениот интерес и употреба на електрични возила во Норвешка ќе му дојде до ак на нафтените деривати. Според експертските проценки и анализи, овој скандинавски тренд наскоро може да се прошири и во светски рамки.

Иако буквално „се дават“ во нафта, Норвежаните го намалиле купувањето на нафтени деривати за 2,2 насто, при што продажбата на бензин опаднала за 2,9 отсто, a дизелот за 2,7 отсто. Иако Норвешка е една од најголемите светски извозници на нафта, владата веќе четири години активно работи на намалување на домашната потрошувачка на нафтени деривати.

Норвешката влада зацртала цел сите лични возила кои се продаваат во оваа држава да се електрични до 2025 година, а мерките кои се покренати во 2013 година пружиле и други погодности на сопствениците на електричните возила – освен што се ослободени од плаќања на сите еднократни даноци, тие се ослободени и од годишните надоместоци за одржување на патиштата, плаќања за јавен паркинг, патарини и траекти, а имаат и право на возење по жолтата лента за јавен превоз.

Норвешката флота на електрични возила е уверливо е и најчистата на светот, со оглед на тоа што Норвешка ја добива својата електрична енергија од хидроелектрани. Кон крајот на 2017 година, во Норвешка биле регистрирани повеќе од 200 илјади електрични возила – светски рекорд во бројот на електрични возила по глава на жител (21,5 електрични возила на 1000 жители).

Најпродаваните два модели на автомобили во Норвешка во март биле Nissan Leaf и Tesla Model S, а порастот на нивниот пазарен удел е добар индикатор на насоката која може да се очекува и во остатокот од светот – продажбата на Leaf пораснала за дури 61,4 отсто од март минатата година, а продажбата на Tesla за 40,6 отсто.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top