Сестрите Кардашијан/Џенер во улога на „секси ангелска свита“ на Victoria’s Secret


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако и двете неодамна се породија со бебиња кои го зголемија бројот на кланот Кардашијан/Џенер, Кајли и Кло брзо се вратија во топ форма. Тоа го докажаа и со парадата на која учествуваа носејќи ја престижната долна облека на брендот Victoria’s Secret, уште еднаш покажувајќи го својот незадржлив сексапил.

Тие за „Ноќта на вештерките“ се трансформираа во фамозните „ангели“ на Victoria’s Secret покажувајќи ги своите импресивни тела.

Кајли и Кло со „маските“ им се придружија на своите сестри Ким, Кортни и Кендал, формирајќи така семејна „ангелска свита“ на познатиот моден бренд.

Со тоа Кајли и Кло ја најавија и својата соработка со престижната марка на долна облека.