Сестрата од Роналдо се рчка со Вирџил ван Дајк: „Каде и да одиш ти, Кристиано веќе бил илјада пати“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сестрата на Кристиано Роналдо, Катја Авеиро реагираше на социјалните мрежи после изјавата на холандскиот фудбалер Вирџил Ван Дајк, кој на синоќешната церемонија за доделување на најпрестижната индивидуална фудбалска награда „Златна топак“, упати провокативен и зајадлив коментар на сметка на португалскиот фудбалски ас.

Роналдо не се појави на церемонијата, а новинарката на таа тема одлучи прашање да му постави на Вирџил ван Дајк.

„Роналдо не се појави, значи ли тоа дека сега имаш ривал помалку во борбата за наградата?, запраша новинарката, а ван Дајк одговори: Дали навистина Роналдо беше ривал?“.

Поради ваквата провокација од Ван Дајк се огласи сестрата на Роналдо.

„Мислам дека постојат луѓе кои живеа фрустрирано и надвор од реалноста….Кристиано Роналдо нема да биде овде вечерва: Дали тоа е еден ривал помалку? Ван Дајк: Дали Роналдо е ривал? Ова беше одговорот на холандскиот дефанзивец кој настапува за Ливерпул кога го прашаа за отсуството на Роналдо. Беше познато дека Роналдо нема да ја освои вечерашната награда. Иако освои важни колективни титули. Таа награда е некоја друга расправа и во иднина каде ќе видиме каде ќе оди вистината за фудбалот“.

„Сега, драг Ван Дајк каде и да одиш ти, Кристиано Роналдо веќе бил илјада пати. Види, мој драг Ван Дајк, Кристиано Роналдо три пати беше шампион на државата во која ти играш со години и ништо не си освоил. Кристиано Роналдо дури беше најдобар стрелец и играч во државата во која играш ти. Попатно, беше многу помлад од тебе. Тогаш драг Вирџил, Кристиано Роналдо отиде во друга земја и стана најдобар играч во историјата на Реал Мадрид. Реал Мадрид, ти кажува ли нешто Вирџил? Можно е бидејќи тој клуб со ова момче Кристиано дури и те победи“, напиша сестрата на Роналдо.