Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тревор МекДоналд за емисијата Crime and Punishment го интервјуираше серискиот убиец Вилијам Клајд Гибсон, кој моментално ја исчекува егзекуцијата на смртната казна која му беше досудена.
Гибсон е осуден за ладнокрвно убиство на три жени, а МекДоналд сакаше да провери дали овој убиец чувствува вина и каење поради тоа. На прашањето зошто ги убил тие жени, МекДоналд од Гибсон доби одговор кој ја леди крвта.
„Така ми дојде“, беа трите збора кои го ужаснаа МекДоналд. „Не ми требаше посебна причина“, додаде Гибсон. „Сите автоматски мислат дека луѓето прават нешта какви што направив јас поради несреќно детство. Мислат дека си бил малтретиран или те прашуваат дали си подметнувал пожари. Ништо од тоа ми се нема случено, имав сосема нормално детство“, објаснува тој.
Кога МекДоналд го праша Гибсон дали има човечност во него, тој му одговори:
„Не верувам дека има човечност во мене. Едноставно тоа не ме погодува. Би можел да убијам некого и потоа да одам на вечера. Не ми е гајле“.
Исто така, тој призна дека извршил уште неколку убиства кои не се откриени.
„Не станува збор само за жени, имаше и мажи, само што уште не се пронајдени, бидејќи не открив ништо за нив. Ми се допадна да ги убивам. Првиот пат бев малку нервозен, но после тоа чувството беше добро“, брутално искрено открива Гибсон.