Сериозно предупредување од Хокинг: „Земјата станува вжештена топка, што побрзо мораме да…“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Научниот гениј и физичар Стивен Хокинг предупредува дека човечкиот вид ќе исчезне од Земјата бидејќи таа за помалку од 600 години ќе се претвори во вжарена огнена топка.

Физичарот веќе подолго време со светот ги споделува своите мрачни прогнози, а сега објави дека, благодарение на самото човештво, Земјата ќе стане вжештена топка и до катастрофа како вид ќе стигнеме благодарение на забрзаниот раст на популацијата и сè поголемите енергетски потреби, пишува New York Post.

Спас ќе мора да бараме во ѕвездите

Хокинг децидно тврди дека луѓето ќе мора „храбро да преминат таму каде што никој досега не отишол“, доколку сакаат да го продолжат постоењето на човечкиот вид во наредните милион години.

Во неделата научникот, преку видео, се јави на Tencent WE Summit во Пекинг и апелираше до инвеститорите дека треба да дадат поддршка на неговиот план за патување кон најблиската ѕвезда надвор од нашиот Сончев систем, со надеж дека таму ќе најдеме планета која ќе понуди услови и можност за формирање на меѓуѕвездена цивилизација.

Најблизок ѕвезден систем на Земјата е оној на Алфа Кентаури, оддалечен четири и пол светлосни години. Научниците веруваат дека тоа соѕвездие би можело да се наоѓаат две егзо-планети на кои потенцијално би можело да постои живот.

Амбициозен проект веќе постои

Хокинг и претходно веќе го поддржа Breakthrough Starshot, проект на милијардерот Јуриј Милнер, кој сака да изработи минијатурни летала кои за само 20-тина години ќе можат да стигнат до соседната најблиска ѕвезда после Сонцето.

„Со таков систем до Марс би можеле да стигнеме за помалку од еден час, а на Плутон би биле за неколку дена, престигнувајќи го Voyager за помалку од една недела. До Алфа Кентаури би стигнале за 20 години“, вели Хокинг.

Директорот на компанијата Starshot Breakthrough, бивш лидер во истражувачкиот центар Ames во НАСА, исто така се појави во Пекинг.

„Ако сè биде како што треба, малку после средината на овој век ќе ја имаме првата слика од планетата која би можела да поддржува живот како орбитира околу најблиската ѕвезда“, изјави тој.