Серија А не му дозволи на Милан едноминутен молк во чест на Коби Брајант – тимот спремен да плати казна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на денешниот дуел против Торино на „Сан Сиро“, во рамките на Купот, Милан сака да му оддаде последна почит и почест на трагично загинатиот Коби Брајант, кој важеше за еден од најголемите славни обожаватели на италијанскиот фудбалски гигант.

„Росонерите“ на мечот ќе носат црна трака и побараа од Лигата да им дозволи едноминутно молчење пред мечот, но челниците на Лигата не им дозволија.

Меѓутоа, „росонерите“ се спремни на тоа и во случај да треба да платат казна, а потврдија дека во 24-та минута на видео-бим ќе му биде оддадена почит на Коби Брајанат со аплауз од целиот стадион.

Коби Брајант поголем дел од своето детство го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка, и не пропушташе шанса да истакне дека е голем навивач на Милан.

Коби во неколку наврати беше и почесен гостин во тренинг кампот „Миланело“, па италијанскиот клуб сака да му оддаде почит на легендата.