Серхио Рамос ироничен: Прво Салах па Кариус, можеби сум виновен и за настинската на Фирмињо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос со насмевка и иронија ги коментираше серијата критики за повредите на Мохамед Салах и Лорис Кариус.

Најпрво Рамос беше обвинет дека намерно го повредил Салах во финалето, а потоа и дека бил виновен за потрес на мозокот на голманот Кариус.

„Не сакав да зборувам за оваа тема, но откако ја видов повторената снимка, видов дека прво тој ме фаќа, а потоа јас него за раката. Велат дека сум употребил џудо зафат, а тоа беше нормален дуел меѓу двајца фудбалери“, изјави Рамос.

„Потоа велат дека голманот доживел потрес на мозокот поради мене. Сега останува уште Фирмињо да се пожали дека капка од мојата пот паднала врз него и дека настинал“, иронично одговори Рамос.

„Си пишавме со Салах после инцидентот. Тој е во одлична состојба, дури имаше и желба да игра во второто полувреме. Кога Серхио Рамос прави нешто, тоа се преувеличува. Можеби после толку години во Реал и толку освоени трофеи луѓето ме гледаат на поинаков начин“, заклучи капитенот на „кралевите“.