Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од основачите на технолошкиот гигант „Гугл“, Сергеј Брин, едновремено и еден од десетте најбогати луѓе во светот, поднел барање за развод од Никол Шанахан. „Волстрит Журнал“ пренесе дека наводната причина за тоа била нејзината кратка романса со милијардерот Илон Маск.
Маск, инаку, важеше за еден од подобрите пријатели на Сергеј.
Брин во јануари годинава поднел барање за развод, за што пишуваа медиумите, иако не ја знаеја причината, тврдат британските медиуми.
Како што велат пријателите на Сергеј и Никол за „Волстрит журнал“, нејзината романса со основачот на „Тесла“ е причина за разводот. Додаваат дека сега им е јасно зошто Илон често барал да преспие во куќата на својот пријател Сергеј.
Оваа афера, според нивните изјави, довела до ненадеен крај на долгогодишното пријателство на Илон и Сергеј.
Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец Маск добил ќерка со својата поранешна девојка Грајмс, и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со извршната директорка на својата фирма, стартапот за вештачка интелигенција „Неуралинк“, Шивон Зилис.
Наводно, прељубата се случила на престижниот саем за уметност Арт Базел во Мајами. „Волстрит журнал“ пишува дека Брин и Шанахан во тоа време живееле заедно, но повеќе не биле во врска. Нивната врска наводно се влошила поради пандемијата на коронавирусот и несогласувањата околу воспитувањето на нивната тригодишна ќерка.
Сергеј, сепак, не открил зошто сакал да се разведе од Никол, туку само изјавил дека станува збор за „непомирливи разлики“. Ко-основачот на „Гугл“ побарал заедничко старателство над нивната ќерка која ја добиле во 2018 година, а наводно се обидел да ја скрие вистината од јавноста за неговата ќерка да не биде жртва на вознемирување.
Илон Маск ги отфрли наводите дека имал секс-афера со сопругата на долгогодишниот пријател, со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, негирајќи го писанието на „Волстрит журнал“ околу врската која наводно ставила крај на бракот на Брин и наа неговото пријателство со Маск.
„Јас и Сергеј сме пријатели и синоќа бевме на забава заедно! Никол ја видов само двапати во три години – и обата со многу други луѓе околу себе. Ништо романтично“, напиша Маск на Твитер. Брин, еден од најбогатите луѓе во светот, дури и финансиски му помогнал на Маск за време на економската криза во 2008 година.