Серена Вилијамс страда од постпородилна депресија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тенисерката Серена Вилијамс признава дека страда од постпородилна депресија и дека нејзиниот историски пораз на San Jose’s Silicon Valley Classic на 31 јули веројатно има врска со таа нејзина состојба.

„Минатата седмица не ми беше лесна. Не стануваше збор само за личните тешки работи, ми беше многу страв. Поголем дел од времето имав чувство дека не сум добра мајка. Прочитав неколку текстови во кои пишува дека постпородилната депресија може да трае и до три години. Мислам дека комуникацијата е најдобро решение. Разговарајќи со мајка ми, сестрите и пријателите, сфатив дека овие мои чувства и емоции се сосема нормани“, напиша Вилијамс.

Претходно таа изјави дека можела да игра милијарда пати подобро против Британката Џоан Конте, но сепак загуби со 6-1 и 6-0 во 52-та минута од мечот. Смета дека сето тоа е поврзано со нејзината емоционална состојба.

„Работам многу, тренирам и се трудам да бидам што подобра тенисерка. Иако сум секој ден со моето бебе, не сум тука за него колку што би сакала да бидам. Повеќето мајки се борат со истиот проблем. Независно дали седите дома или работите, барањето баланс со децата е вистинска уметност. Вие сте хероини. Сакав да кажам дека ако сте имале тежок ден или недела, во ред е. И јас имав. Секогаш постои утре“, им порача Вилијамс на останатите тазе мајки.

Во меѓувреме, го откажа дуелот проти Французинката Ализ Корне на Roger Cup во Монтреал.