Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
До неодамна втор човек во ФФМ, десна рака на Илчо Ѓорѓиоски, денес отворено против политиката во фудбалот и молкот кој нанесува неправди. Серафим Димовски – Цане, кој до пред две години беше спортски работник во ФФМ, со жестоки обвинувања до раководството.
Серафим Димовски – Цане отворено зборува за реалната слика зад вратите на Федерерацијата, притоа обвинувајќи го сегашното раководство: „ФФМ е правно здружение на граѓани, а не своина на Илчо Ѓорѓиоски?!“, вели Димовски.
Тој вели дека е спорно неодамнешното Собрание, на кое за претседател е реизбран актуелниот Илчо Ѓорѓиоски.
„Делегатите ускратени за една година мандат од регуларните и важечки 4. По неиспратен човек на должност во еден од ОФС, скандалозно е одбиена и кандидатурата на Мирсад Јонуз за претседател на ФФМ. Дека во ФФМ многу работи не штимаат докажува и фактот дека по пристигнувањето на Ѓорѓиоски постојано сами си заминуваат судии, фудбалски работници…“
„Покрај одобрените 300.000 евра за стадионот во Струмица, кој речиси е пред крајот на својата изработка, купени се дополнителни две службени возила, од кои едното е марка Мерцедес кое го користи Ѓорѓиоски. До неодамна пак, од друга страна, службено возило му следуваше само на генералниот секретар на ФФМ“.
„Да не беше Суперкупот, „Телеком Арената“ никогаш немаше да се реновира. Во Управниот суд на крајот и на оваа проблематика, се уште стојат жалбите од Обединети за фудбалот за кои нема одговор“, обвинува Димовски во интервјуто во рамки на емисијата „Полн Погодок“ на ТВ Сонце.