Сепак, некои сопственици на станови исклучени од парно мрежата ќе плаќаат паушал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок, предвидуваат новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија. Ова во март беше кажано по седницата на РКЕ, пренесува Фактор.

Сепак, тоа нема да важи еднакво за сите сопственици на станови кои се исклучени од парно мрежата.

Имено, првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски истакна дека дел од исклучените од парно сепак ќе плаќаат паушал.

Тоа важи за оние кои имаат станови, а се празни односно не живее никој во нив.

Според зборовите на Бислимовски прецизна анализа утврдила дека со тоа што не загреваат тие луѓе влијаат на затоплувањето и затоа ќе мора да плаќаат.

„Тоа е прецизна анализа и покажа дека со тоа што не загреваат влијаат на затоплувањето и затоа тие ќе мора да плаќаат, велат за Фактор од Регулаторната комисија за енергетика.

Сопствениците на становите ќе треба да докажат дека живеат во станот со лична карта, а ако имаат кираџии тоа дополнително ќе се утврдува.