Home Актуелно Сепак, не е Ферид, туку Бранко: Со конститутивната седница е претседава Манојловски од ДУИ

Сепак, не е Ферид, туку Бранко: Со конститутивната седница е претседава Манојловски од ДУИ

Се очекува Трајко Вељаноски конститувната седница на Собранието да ја свика во петок. Со неа треба да претседава највозрасниот пратеник во овој состав на Парламентот, а тоа е Бранко Манојловски од ДУИ.

На пратеничката листа на ДУИ, Манојловски беше претставник на православните Албанци. Нов претседател на Собранието за разлика од минататите циклуси нема да се избере на оваа седница, бидејќи партиите се далеку од договор за коалиција за влада.

Според Уставот, конститутивната седница треба да се одржи најдоцна 20 дена по одржаните избори, односно до 31 декември. Конститутивната седница ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…