Сензационално деби на Лазаров како тренер-играч: Македонија ја фрли на колена моќната Данска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Maкеднската ракометна репрезентација синоќа одигра фантастичен натпревар против Данска која е актуелен светски и олимписки шампион.

Данска прва стигна до водство, но веднаш потоа следуваа два гола на нашата репрезентација, а во тие стартни минути одличен беше Филип Талески. Од таа прва минута кога го превземавме водството практично не го испуштавме. Данците на средина на полувремето дојдоа до 7:7. Но веднаш потоа со серија од 2:0 отидовме на 9:7.

По еден гол на Данците ние повторно направивме два разлика 10:8. Во 20 минута дојдовме и до плус три преку Пешевски. Во наредниот напад Данска повторно промашува, а Талески со одличен лоб погодува за највисока преднсот од четири гола (12:8).

Митревски беше одличен на голот, па и во последните пет минути од првиот дел влеговме со супер предност од три гола (13:10). До крајот не само што не попуштивме туку и на пауза заминавме со предност од 17:13.

Oнака како што го завршиме првото породолживме и во почетните минути од вториот дел. Предноста од четири гола ја одржувавме и после 10 минути игра (20:16). Данска во тој напад одново промаши зицер, па имавме напад и за плус 5. И нападот го искористивме за во таа 11. минута да имаме највисоки до тогаш на натпрарот 21:16.

Тука не завршуваше нашиот фантастичен период и изгледаше како што одминува мечот да играме се подобро. Во 14 минута имавме резултат кој изгледаше неверојатно, против светските и олимписките шамиони имавме осум разлика (25:17).

После тие осум разлика Данска направи серија од 3:0 и дојде до 25:20. Серијата беше прекината со наш седмерец, а по тој гол имавме и контра која ја реализираше Кузмановски за 27:20.

На четири минути пред крајот кога Миркуловски постигна гол за 32:26 веќе стануваше јасно дека големата Данска предводена од Микел Хансен ќе падне во Скопје.

Најефикасни во нашите редови беа Манасков, Талески и Кузмановски со пo пет гола.

На крајот, конечниот резултат гласеше 33:29.