СЕНЗАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРИЧАР Е НОВ СВЕТСКИ ПРВАК: Го натера најдоминантниот спортист да се помири со поразот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тејлор беше апсолутен владетел на овој спорт, беше 16 пати светски првак, а од 1995 година до 2002 година во ова натпреварување освојуваште осум пати по ред.

Роби Крос е новиот светски првак во пикадо! Во финалето од 29 Светско првенство кое беше сношти со 7-2 ја победи апсолутната легенда на овој спорт, 57 годишниот Фил Тејлор.

Крос има 27 години, а во декември 2016 година работел како електричар и пикадо играл аматерски. Во почетокот на минатата година почнал да се бави професионално, а сношти го победи човекот кој освои титула за најдобар во овој спорт уште кога Роби не беше роден.

До титулата дошол на навистина импресивен начин. Прво во полуфиналете го победи светскиот број 1 Мајкал Ван Гревен со фантастични 6-5. Во финалето Тејлор немаше никакви шанси. Крос беше предобар и многу сигурен.

Но каква кариера беше тоа. Повеќе од 20 години Тејлор беше апсолутен владетел на овој спорт, а освои 16 титули Светски првак. Од 1994 год. до 2007 год. не пропуштил ниту едно финале, а ова доволно зборува за неговата доминација. Освоил вкупно 216 турнири од кои 83 имале големо значење.

Но како што и сам призна,во него нема повече енергија и рече дека ова ќе биде неговото последно натпреварување.

„Дадов се од себе, но тој играше како јас пред 25 години, беше одлучен и не престана со притисокот. Мислам дека играчите во следната сезона ќе имаат многу проблеми со него. Беше тоа двобој помеѓу стар и млад. Толку од мене, немам повеќе интерес, ниту пак енергија да го победам него“ рече Тејлор.

Крос е татко на три деца, но после натпреварот изјави дека ќе мора да ја успори својата кариера за да се грижи за своето семејство, а наградата од скоро пола милион евра сигурно ќе му помогне во тоа. Веднаш откако му беше доделен трофејот, покажа дека е голем спортист. Го викна Тејлор заедно да го држат трофејот, односно, легендата последен пат да ги стави рацете на него.