Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руската тенисерка Екатерина Макарова на првиот натпреварувачки ден на Ролан Гарос приреди вистинско изненадување, откако ја елиминира првата носителка Анжелик Кербер.
Макарова испиша историја на Ролан Гарос, бидејќи никогаш досега првиот носител, во женска или машка конкуренција не бил елиминиран во првата рунда на вториот гренд слем во сезоната.
Кербер која не може да ја најде вистинската форма уште од почеткот на оваа година, а особено лошо игра на земјена подлога, од искусната руска тенисерка загуби за нешто помалку од 90 минути игра со 2:6, 2:6.