Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не ги задржа солзите на збогувањето на легендарниот дефанзивец Жерар Пике, кој вчера го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“.
Пике во 85. минута го напушти теренот на мечот против Алмерија, по што доби аплауз и овации од 98.000 навивачи на стадионот.
Gerard Piqué receives an incredible ovation from the Camp Nou 🗣️
(via @FCBarcelona)pic.twitter.com/HqNTWIQWu8
— B/R Football (@brfootball) November 5, 2022
„Оваа ноќ ќе ја паметиме како историска. Пике одигра одличен натпревар, сакавме да го испратиме на најдобар можен начин. Не можев да издржам затоа што беше премногу емотивно за мене. Ми поминаа сите успеси кои ги имавме заедно во Барселона. Одлуката е негова и знам дека не е лесно“, вели Чави.
Se nos ha metido algo en el ojo 🥹#Sempr3 💙❤️ pic.twitter.com/HRyqQy7lNo
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 5, 2022
На објавените фотографии може да се забележи дека емотивен беше и Алба, кој не ги задржа солзите. Многумина веруваат дека Алба бил емотивен и поради фактот што и тој наскоро се очекува да го напушти клубот.