Семејството се срамеше од него: Милионер е, а секој ден прави нешто што ќе ве изненади


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали некогаш сте размислувале, ама сериозно, што долгорочно би правеле доколку на вашата банкарска сметка имате сума од 6-7 цифри која ве прави милионер? И да сте го правеле тоа, сигурно ни на крај памет не ви паѓало да собирате ѓубре преку ден, а камоли тоа да ви биде примарна занимација.

Но, 52-годишниот Жонг Конгронг од кинескиот Чонгкинг последните три години го прави токмутоа – чисти улици низ градот.

„Мислам дека не е важно колку пари имате. Не е важно дали сте богат или сиромав, секогаш треба да ширите позитивна енергија и да давате добар пример во општеството. Не е важно ни колку години имате“, вели тој.

Чистејќи ѓубре во портокалова маица, тој користи мегафон за да им го привлече вниманието на луѓето и да ги потсети на важноста за грижата за околината.

Неговото однесување привлече огромно внимание, а многумина тврдат дека тој тоа го прави чисто само заради самопромоција. Жонг инсистира дека неговите мотиви се искрени и смета дека не треба да му судат само според неговата имотна милионерска состојба.

На оваа идеја за ваков општествен активизам дошол при едно семејно патување во 2015 година, кога во кинеската провинција Хаинан запознал пензиониран факултетски професор.

„Ми рече дека последните четири години секојдневно ја чисти од ѓубре блиската плажа. Беше среќен што се грижи за околината, екологијата му беше на прво место. Остави толку силен впечаток кај мене, што и самиот посакав да го правам тоа“, раскажува Жонг.

Неговата сопруга и децата на почетокот се срамеле од неговото ексцентрично однесување, а некое време избегнувале и да бидат видени со него. Но, со тек на време го променија својот став.