Семејството од починатиот Принц му забрани на Трамп да ги користи неговите песни


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Семејството од починатата музичка ѕвезда Принц побара од претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќе да не ја користи музиката од славниот музичар на своите собири, што беше случај неколку пати досега.

„Наследниците на Принц никогаш не ја дале својата дозвола на Трамп или Белата куќа за да ги користат песните од Принц и побараа веднаш да престанат со било каква употреба на неговата музика“, напиша на Твитер Омар Бејкер, полубрат на Принц.

Тимот од Трамп на неговите политички собири, во повеќе наврати досега, ја пушташе песната „Purple Rain“, која е еден од најголемите хитови на Принц.

Освен семејството од музичарот, од Трамп се жалаат и многу други музичари. Некои од нив се Ролинг Стоунс, Адел, Нил Јанг, R.E.M., Аеросмит и Квин.

Дури и семејството од покојниот тенор Павароти го критикуваше користењето на неговата снимка од „Nessun Dorma“, славната арија од „Турандот“ од Пучини.