
Почина Хафа Кариќ
Породицата Кариќ е скршена: Не’ напушти нашата душа
Антонио Ахел/ATAImages
Почина Хафа Кариќ, една од најомилените членови на познатото семејство, а веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја сподели нејзината ќерка, Данијела Кариќ.
– Не’ напушти нашата душа, ангел, единствена жена, мајка, сваќа, баба, нашата кралица Хафа. Погребот ќе се одржи на 13 март, четврток, во 15:00 часот на Новите гробишта на Рузвелтова – напиша Данијела Кариќ на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме, Хафа Кариќ водеше битка со тешка болест веќе подолго време. Сопругата на Драгомир Кариќ и мајка на Данијела, Саша, Симон и Југослав Кариќ ја загуби битката за живот.