Семејството Ѓоковиќ тврди: Има заговор против Новак, за тој да не стане најдобар на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ во моментов е во карантин во Мелбурн каде во понеделник ќе знае дали ќе добие дозвола за влез во земјата и настап на Австралија опен.

Во меѓувреме семејството на Новак Ѓоковиќ е гласно во своите изјави. Тие оддржа прес-конференција во Белград. Неговата мајка Дијана Ѓоковиќ смета дека на нејзиниот син намерно не му се дозволува да игра за да не стане најдобар тенисер на сите времиња. На Ѓоковиќ му фали уште една грен-слем титула за да ги надмине Федерер и Надал во таа категорија.

„Мојот син не заслужи ваков третман, за мене како мајка ова е многу тешко. Ставот дека не смее да игра сега добива политичка димензија. Го држат во валкан хотел, го држеа со часови без контакт со нас. Ова е чисто политички напад за да не стане најдобар на сите времиња. Мислам дека за многу брзо време сите ќе сфатат дека тој е револуционер кој го менува светот. Се надевам дека ќе остане психички здрав и нема да му ги скршат крилјата како што се обидуваат“, вели неговата мајка Дијана Ѓоковиќ.

„Зборував со него денеска, не сакаше многу да зборува, се обидува да заспие, но не може. Како мајка се чувствувам згрозено, го третираат како затвореник. Се надевам дека ќе остане силен и дека ќе победи. Смештајот е ужасен, мал мигрантски хотел, кој не може да се нарече ни хотел“.

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ пак смета дека сето ова е напад не само врз нивниот син, туку и врз Србија.

„Србија е Новак, Новак е Србија, тие газат по Србија и Новак. Тој човек, Скот Морисон (премиерот на Австралија), чие име зборува само за себе, се осмели да го нападне Новак. Сакаа да го понижат, и не само Новак, туку и нашата Србија. Ние сме горд народ кој никогаш никого не нападнал, само се бранел. Тоа сега го прави нашиот Србин, гордост и образ, нашиот Новак со своето однесување кон домаќините и организаторите, на сите им покажува од каде доаѓа. Ние Србите сме горд народ и горди сме на нашиот Новак, светлината на крајот од тунелот. Ова нема врска со спортот и таа политичка олигархија нема да го згасне тоа“, вели Срѓан Ѓоковиќ.

Неговиот брат, Ѓоѓе Ѓоковиќ вели дека Новак го третираат како криминалец.

„Бог гледа сè. Мојот благодет е духовен, а нивниот материјален“, му рекол Новак на неговиот брат Ѓорѓе.

„Новак Ѓоковиќ не може да ја напушти Австралија до понеделник, ако го направи тоа ќе му следува тригодишна суспензија за влез во Австралија. Го третираат како криминалец, иако е здрав и нормален човек, тој е спортист кој не прекршил ниту еден закон“, вели Ѓорѓе Ѓоковиќ.