Семејствата на дел од учениците кои беа убиени во масакрот во „Владислав Рибникар“ ги тужат училиштето и државата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Семејство на едно дете убиено во мајскиот масакар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднело тужба против државата Србија, додека друго го тужи и училиштето во кое се случи масовното убиство.

Членови на семејствата на децата убиени во тоа училиште поднеле приватна тужба против 14-годишното момче убиец К.К. и неговите родители за надомест на нематеријална штета, објавија српски медиуми.

Порталот Нова наведува дека едно семејство ја тужи државата, а друго и училиштето.

Има вкупно 27 тужители.

Ученикот на училиштето К.К. на 3 мај уби осум девојчиња, едно момче и службеник на обезбедувањето, а рани пет ученици и наставничка.