Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската мрежа за семејна поддршка чиј дел и Институтот за семејни студии, изработи кратко упатсво за семејствата во време на пандемијата со коронавирусот.
Објаснете им на вашите деца што се случува. Телевизиските и социјалните мрежи не им објаснуваат на децата што се случува. Тоа е задача со која треба да се соочите вие како семејство. (Направете напор да им објасните на вашите деца што се случува. Не дозволувајте да се информираат само преку социјалните медиуми и телевизија).
Поставете дневни цели. Секој ден, поставете си прифатливи цели кои може да ги постигнете. Имајќи дневна цел, и индивидуално и на ниво на семејство, ви помага да го поминете денот и постигнувањето на тие цели ви предизвикува задоволство.
Правете работи за кои никогаш немавте време. Искористете ги предностите со правење работи за кои никогаш не наоѓавте време. И за децата ќе биде интересно да гледате стари фотографии или видеа. Исто така, можете да им дадете стари играчки кои ги заборавиле или да ги вклучите во некои активности во домот (готвење, чистење и сл).
Во ред е да се чувствувате исклучени. Нормално е да ви е тешко во овој период. И децата и возрасните ќе доживеат тага, вознемиреност, фрустрација … Научете да се справувате со овие негативни чувства преку позитивни мисли, техники на дишење и активности што ве прават среќни. Научете ги и вашите деца.
Имајте трпение кон потребите на вашите децата. Во оваа ситуација, нормално е децата повеќе да го сакаат вашето внимание, или да бараат помош за работи што порано ги правеле сами. Поддржете ги во сè што треба.
Потенцирајте ги вредностите на поддршка и солидарност. Овие се моменти за истакнување на овие вредности. Објаснете им ги на децата овие вредности и нивното значење. Мотивирајте ги вашите деца да учествуваат во активности што ги подразбираат овие вредности. Запомнете дека тие најдобро учат од пример.
Толку многу време поминато во домот, веројатно ќе резултира и со конфликти. Научете да се справите. Веројатно ќе се лутите полесно и ќе имате кавги со децата и партнерот. Обидете се успешно да ги решите конфликтите: разговарајте и преговарајте.
Семејното време сега е сила. Сега имате време да играте, да работите домашни со децата или гледате филм како семејство. Јадете заедно како семејство, вежбајте како семејство, танцувајте и пејте. Искористете го ова време, зошто и ова ќе помине.
Физичкото дистанцирање не значи и целосно социјално дистанцирање. Да се биде дома не значи да се биде изолиран од сите контакти. Користете ги социјалните мрежите за да се дружите. Децата, исто така, треба да комуницираат со други деца и да разговараат со своите најблиски.
Време за себе. На сите ни треба време посветено на себе. Важно е да се пронајдат интимни места и за возрасни и деца.
Имајте рутина во вашето секојдневие. Имајќи рутини, иако флексибилни, ни помага да знаеме што ќе следи следно и да чувствуваме дека имаме контрола врз нашиот живот.
Слушајте ги вашите деца и вклучете ги во одлуките што ги носите. Тоа е еден начин да им помогнете полесно да се справат со ситуацијата.
Останете позитивни и запомнете да се смеете. Хуморот е ефикасна стратегија за соочување со тешкотии. Во време на напнатост или тешкотии препорачуваме да се обидете да се опуштите, барате забавна страна на ситуацијата.
Не се обесхрабрувајте ако работите помалку. Важно е да се сфати дека темпото на работа во домот и на работното место, не може да биде исто.
Најдете време за вашите деца. Работата не треба да биде изговор за децата и тинејџерите да поминуваат часови во правење активности без надзор, гледање телевизија или играње видео игри.
Не бидете строги кон самите себе.
Институт за семејни студии, Филозофски факултет