Семејно на пат: Ѓорге Иванов замина на родителска средба во Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов најрано до недела нема да се сретне со лидерот на СДСМ Зоран Заев, од кого, според најавите на Заев, треба да ги прими гаранциите за унитарноста.

Причина за тоа, според неофицијални извори на СДК.мк, е неговата приватна посета на Турција, претходно планирана, бидејќи Иванов како родител е поканет на настан поврзан со активностите на неговиот син Иван, кој ќе се случува на универзитетот во Турција каде што студира, велат нашите извори.

Сепак, не се очекува Иванов да го испушти уставниот рок од десет дена за да доденсе одлука за доделување на мандат за формирање влада.

Заев најави дека ќе оди кај Иванов уште еднаш да му ја презентира програмата на новата влада.