Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите 11 членови на едно индиско семејство беа пронајдени обесени во нивната семејна куќа во Њу Делхи, а првичните извештаи упатуваат на тоа дека станува збор за бизарно религиозно масовно самоубиство. Соседите со шок ја примија оваа вест, бидејќи тврдат дека ги знаеле како обично и среќно семејство.
Една сосетка го испратила мажот да провери зошто не работи локалната продавница која ја држело токму семејството Батиа. Сопствениците живееле на катот горе, а на соседите им било необично, тоа што тие не ја вклучиле пумпата за вода, нешто што го правеле секое утро.
„Кога влегов, сите врати беа отворени и тие висеа од плафонот. Рацете им беа заврзани. Бев во шок кога видов толку тела, побрзав дома да и кажам на сопругата“, вели соседот Синг.
Кога дошла полицијата на самото место, затекнала 10 мртви тела со превези преку очите, памук набиен во устата, замотани со кабли и марами со религиозни мотиви како висат од железните решетки во дворот на куќата во предграидето Бурари, додека телото на 11-тото задавено лице, лежело на подот од куќата.
Сите биле членови на семејството Батиа – Нарајан Деви (75), нејзината ќерка, двајцата синови, нивните сопруги и петмина внуци на возраст од 15 до 33 години. Сите освен Нарајан Деви виселе од плафонот.
Околностите за трагедијата не се во потполност јасни. Според трагите пронајдени во куќата, постои можност да се работи за „масовно самоубиство поврзано со духовни и мистични пракси“.
Имено, пронајдени се со рака пишани белешки кои медиумите ги нарекоа „прирачник за самоубиство“. Во нив детално се опишува како да ги заврзат рацете и нозите, а мртвите тела на 10-те членови на семејството се најдени во многу слична положба. Според полциските извори, упатствата укажуваат дека тој „ритуал“ ќе доведе до „мокша“, што на санскритски значи спасение.
Значи, може да се заклучи дека се работи за колективно самоубиство под влијание на некој култ, а соседите не веруваат во тоа. Според нивните зборови, семејството било активно во локалната заедница, биле материјално обезбедени и биле вернции. Живееле во делот од Њу Делхи каде живее средната класа, а во приземјето на трикатната куќа воделе две продавници, една со свежи производи, друга со шперплочи.
Сујата Батиа, ќерката на Нарајан Деви, која не живеела во семејната куќа не верува дека се работи за самоубиство.
„Сите беа толку среќни. Некој го уби целото мое семејство и полицијата треба да го пронајде“, изјави таа.
Сепа, околностите за случајот не им одат од рака на истражителите: нема траги на насилно влегување во куќата. Ништо не е преместено, златниот накит не е украден, ниту пак мобилните телефони и другите технички апарати.
Преживеа само кучето Џеки, кое не се лаело цела ноќ, тврдат соседите.