Семеен хорор: Татко четири пати си ја силувал својата 24 годишна ќерка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кривична пријава за родосквернавење е поднесена против В.Б. (55) од Општина Пласница, под сомнение дека неколкупати ја силувал сопствената ќерка.

Според полицијата, девојката што била силувана од таткото, е на возраст од 24 години.

Во временски период од два месеца, според пријавата која е поднесена до полицијата, пријавениот четири пати извршил обљуба врз неговата ќерка.

Последниот грозоморен чин В.Б. го сторил на 16-ти овој месец, околу 6 часот и 40 минути, во семејната куќа, кога пак ја силувал ќерката.