Актуелно

Семакедонски протест на 27 февруари 2018 година


За утре се најавува протест со цел одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Семакедонскиот протест “За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата”, ќе започне во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, каде што ќе се прочита Протестна нота до ЕУ, НАТО и ООН. Оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски” и булевар “Димитрие Чуповски” до Собранието на Република Македонија, каде ќе има повеќе обраќања: по еден претставник од македонските заедници во Германија, Франција, Италија и Швајцарија, Сотир Костов, проф.д-р Виолета Ачковска, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров и Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, кои ќе го предводат маршот од ЕУ до Собранието.

Организатори на Семакедонскиот протест се македонските заедници во светот, Светскиот Македонски Конгрес и Македонската координативна мрежа – Канада во која се вмрежани Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Меѓународното движење за човекови права, Обединети Македонци и Андон Лазов Јанев Ќосето – Канада.

Семакедонскиот протест во МВР е пријавен од Светскиот Македонски Конгрес.

Поддршка на Семакедонскиот протест има од: Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонската координативна мрежа – СУМ Сите за унитарна Македонија, Македонски манифест, Додома, Преродба, Наши, Христијанско братство, Код, Ние, Бригада, Македонски обединети сили, Тврдокорни, МПЗ “Андон Лазов Јанев Ќосето” од Велес, МПЗ “Пере Тошев” од Прилеп, МПЗ “Васил Чакаларов” од Тетово, МПЗ “Христо Матов” од Скопје, здруженијата на бранителите и други македонски патриотски здруженија.

Македонците во таковината и во светот бараат: (1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можносст за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, меѓународниот код МК односно МКД; (2) повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) поништување на Договорот Заев-Борисов; (4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и (5) итно ослободување на Едмонд Темелко од обвинение и домашен притвор.

Барањата ќе се достават до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до домицилните власти во државите каде што Македонците живеат и престојуваат! Доколку Владата не ги прифати барањата, Македонците во татковината и во светот бараат самораспуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис во избирачките списоци на секои парламентарни и претседателски избори.

Македонците во татковината и во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top