Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ник Геритсен, кеаторот на вештачката интелигенција со име Сем, најави дека овој виртуелен субјек ќе биде првиот „робот-политичар“ кој ќе си ја проба среќата во политичките води.
„Политичарот“ Сем ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд на изборите во 2020 година, пренесува британскиот медиум Daily Mail.
Сем инаку комуницира преку Фејсбук месинџерот, а општењето со луѓето придонесува „тој“ да учи, односно да станува се поголем и се побогат извор на информации. Тоа ќе значи дека би можеле да му го поставите речиси кое било прашање, во кое било време и на кое било место.
Роботот, од друга страна, тврди дека пред да донесе каква било одлука, го зема во обѕир сечие мислење и ставови, и дека никогаш нема намерно да излаже или пак, да ја искриви суштината на информацијата.
„Постои јаз во она што Нов Зеланд сака, што ветуваат политичарите и што нивната политика може. Јас ќе го надминам тоа разидување“, ветува „политичарот Сем“.
Тој се уште учи, и неговите одговори се уште се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до крајот на 2020 година, којашто и ќе биде изборна, „Сем“ ќе биде доволно напреден, за да се вклучи во трката за премиер.