Селото гори – баба се чешла: Газпром редовно испорачува гас за Европа преку Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот енергетски гигант, концернот Газпром денес соопшти дека редовно им испорачува гас на европските купувачи преку украинската територија.

„Газпром испорачува гас низ Украина редовно, во согласност со барањата на потрошувачите“, соопшти руската компанија.

Само во текот на денешниот ден се очекува Газпром, односно Русија, преку Украина на европските купувачи ќе им испорача 104,7 милиони кубни метри гас.

Договорните обврски на Газпром преку Украина за Европа во 2022 година изнесуваат 40 милијарди кубни метри, односно околу 110 милиони кубици на ден.