Село во најпогодениот италијански регион од коронаирус нема ниту еден заразен – еве која е тајната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во една од најпогодените земји од епидемијата на коронавиурс, Италија, во едно мало село нема ниту еден заразен случај. Тамошните жители причината за оваа заштита од коронавирусот тврдат дека се крие во еден бунар.

Жителите на Монталдо Торинезе, село во северниот регион Пијемонт, до сега се „зачувани и поштедени“ од коронавирусот. Поголем дел од селаните причината за тоа ја гледаат во „чудотворната вода“, која според легендата ги излекувала и војниците на Наполеон Бонапарта од воспаление на белите дробови.

Монталдо е село кое се наоѓа на само 19 километри од Торино, престолнинана на регионот во кој до викендот беа регистрирани 3658 заразени лица со корона вирусот. Регионот Пијемонт е четвртиот најпогоден регион во Италија од Ковид -19, во неделата вкупната бројка на заразени била 8206 лица.

Жителите на Монталдо веруваат дека бунарот во селото со 720 луѓе им помогнал на војниците на Наполеон, кои имале свој камп во јуни во 1800 година во село во битката со воспалението на белите дробови.

„Според приказната генералите на Наполеон се разболеле од воспаление на белите дробови. Благодарејќи им на чистиот воздух, недопрената природа, но и овој селски бунар, тие биле излекувани. Во тој период водата од истиот сигурно им помогнала. Но, денес, бунарот е затворен и водата од него се користи само за наводнување на полето. Водата од бунарот сега не смее да се пие водата од овој бунар, раскажал за „Гардијан“ Серџо Гајоти, градоначалникот на Монталдо Торинезе.

Во Монталдо главно живеат повозрасни луѓе, но има и млади семејства чии членови патуваат секојдневно на работа во Торино. Градоначалникот Гајоти вели дека чистиот воздух и здравиот живот најверојатно се причините поради кои во неговото село нема коронавирус, како и неговите напори да ги предупредува луѓето за ризикот од вирусот и поделбана на заштитни маски за сите жители.

„Во селото нема индустрија. Од почетокот на епидемијата секојдневно селаните во поштенските сандачиња добиваат предупредувања и препораки што треба да прават за својата заштита, како миење на рацете и избегнување на директен контакт. Ние бевме првото место во регионот во кое беа поделени маски на сите семејства, а и понатаму ги делиме, истакнал Гајоти.