Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селцето Корипо, сместено во Верзаска долината во кантонот Тичино, денес брои само 12 жители. Причината за оваа бројка е судбината која ги има снајдено многу алпски селца од каде младата популација масовно се исселила, па останале само старите пензионери.
Селото Корипо од 300 жители, станало село со само десетина постари пензионери, кои сепак се борат да му ја обезбедат иднината на ова мало, живописно место.
Користејќи го фондот Корипо, основан во 1975, кога местото добило награда за зачувување на автентичноста , сега целото село функционира како хотел, што е прв пример во Швајцарија.
Со овој проект, ресторанот во центарот на селото ќе биде претворен во рецепција и сала за ручање. Самиот плоштад ќе служи како хотелско лоби, од каде ќе се стигнува во една од 60 соби , односно камени куќи. Куќите ќе бидат реновирани во автентичен алпски стил. Во понудата на хотелот ќе бидат не само прошетки по околината, посета на музеи, туку и курсеви за готвење.
Ваквиот план доби награда за иновација од швајцарското Здружение на хотелиери и ресторатери, како и поддршка од туристичките организации, каде Корипо се рекламира како место за „дигитален детокс”.