Село гори, баба се чешла: МЕПСО ќе се поднови со мебел од над 350.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според тендерот кој го објави МЕПСО, компанијата треба да се поднови со мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици и други елементи.

Тендерот во кој главниот криетериум е најниската цена е веќе објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. Вредноста на тендерот без ДДВ е 21.525.000 денари или повеќе од 350 илјади евра.

Во тендерот пишува дека набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа. Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за раководните лица. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.