Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селма Хајек, Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон во саботата пристигнаа во Хрватска каде започнаа со снимање на нивниот нов филм „The Hitman’s Wife’s Bodyguard 2“.
Славните актери слободното време го искористија за да се рашетаат по улиците на Ровињ. Тие биле воодушевени од Хрватска, а на Инстаграм споделија и фотки од прошетката.
View this post on Instagram
„Новата филмска локација изгледа ветувачки, Хрватска е прекрасна на прв поглед“, напиша Џексон на својот Инстаграм профил.
Тој и колешката Селма Хајек се фотографираа прегрнати во една од ровињските улички, додавајќи дека уживаат во новата магична локација.
View this post on Instagram
Постојат гласни дека нив наскоро може да им се придружи и Морган Фримен, но уште не е потврдено неговото пристигнување во Хрватска.