Advertisements
Спорт

Селекторот на Аргентина ги отпиша Дибала и Икарди

Селекторот на аргентинската репрезентација, Хорхе Сампаоли денес даде до знаење дека двете големи ѕвезди, Дибала и Икарди се „отпишани“ за Светското првенство.

Според зборовите на Сампаоли, мали се шансите Дибала и Икарди да се најдат на конечниот список на репрезентацијата која ќе патува на Светското првенство.

Сампаоли тврди дека двајцата фудбалери добиле шанса, но имапе потешкотии да се адаптираат на соиграчите од националниот тим.

„Не се во целост отпишано, но има малку време да се вратат во националниот тим. Нивните настапи за репрезентацијата се многу послаби отколку во нивните клубови. Знаеме дека Дибала е еден од најдобрите фудбалери на светот, но не знаеше да се адаптира на нашиот стил на игра и на соиграчите во националниот тим“, изјави Сампаоли.

„Што се однесува до Икарди тој во Аргентина е комплетно различен од тој во Интер. Му дадовме шанса, но не успеа да најде заеднички јазик со соиграчите на теренот. Едноставно морам да дадам приоритет на играчите кои се разбираат на теренот. Не можеме да си дозволиме да чекаме некој фудбалер“, изјави Сампаоли.

To Top