Сељак еден, си го уништи договорот на кариерата со едно простачко видео (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Огњен Мудрински остана без договорот на неговата кариера поради едно простачко видео во кое го исмева клубот кој беше спремен сериозно да го одврзе ќесето за дебело платен ангажман на фудбалерот.

Сè делуваше како во бајка: Статус на најдобар играч во словенечкото првенство, место во идеалните 11 во лигата, шампионска круна со Марибор и повик од Цеље. Она кое Мудрински го постигна во Словенија многумина фудбалери веројатно нема да го доживеат никогаш во нивната кариера, независно во која лига играат.

И тогаш во јавноста излезе спорна видео снимка на која се гледа и слуша како Мудрински ги исмева неговите идни газди бидејќи издејствувал огромна парична сума за неговиот професионален ангажман во Цеље. Иако не се споменува точната сума, се знае дека понудата била досега најголема во неговата кариера.

„Брате, ги убив! Ги убив…Значи, собираат пари по цело Цеље. Да не имаш некоја црна ќеса да им однесеш да го соберат тоа и парите да бидат кај тебе. Ајде, се гледаме за брзо“, вели низ смеа на видеото Огњан.

Откако го виделе видеото, од Цеље не сакале веќе да слушнат за него ни да го видат.

„Поради глупост, Огњен Мудрински остана без договорот од соништата. Прашање е која ќе биде официјалната верзија, но од доверливи извори е потврдено дека луѓето од Цеље го пречкртале српскиот шпиц-напаѓач откако ја изгледале снимката на која ја нивната великодушност. Она кое го направи Мудрински ги надминува сите граници на добриот вкус. Да не ја споменуваме почитта кон клубот кој му обезбеди доволно пари за мирен остаток од животот. Како може да биде таков, прашајте го него“, велат словенечките медиуми.