Села порачува: Ако не се усвои законот за јазици, ќе излеземе од Влада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот на ДР ДПА Зијадин Села од Тетово порача дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата.

Според Села, тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се преземе. Не мисли дека е неопходно нацртот прво да оди на мислење во Венецијанската комисија.

Села денеска настапи на редовното партиско Собрание во Тетово, на кое беше одлучено новите потпретседатели на партијата да бидат Елми Азири и Ремзи Мемеди. Едниот доаѓа од огранокот во Куманово, а другиот од Кичево.

Села не ја исклучи можноста за обединување на партиите учеснички во Алијансата за Албанците, во една единствена партија.