Села обвинува: Функционери од ДУИ на сомнителен начин се стекнале со имоти во Драч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на гостувањето во емисијата “Pressing“ на косовската телевизија „Т7“, изјави дека за албанците ДУИ била полоша од македонските партии, обвинувајќи дека дел од функционерите на ДУИ на сомнителен начин се стекнале со имот во Драч.

„Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ“- изјави Села.

Меѓу другото, Села кажа дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција. Села, исто така, рече дека поседува информации за функсионери на ДУИ кои имаат приватни имоти во Драч, Албанија.

Според него овие имоти се стекнати на сомнителни начини и бара од албанската држава да ги истражи овиее наоди.