Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Бугарија постојат 157 места кои се водат како населени места, а во кои не е регистриран ниту еден жител. Истовремено, во 1.148 места живеат од 1 до 49 жители, велат податоците од бугарскиот Национален статистички институт.
Најмногу такви места има во областите Габрово, Големо Трново и Крџали. Во градовите во Бугарија живеат 5,2 милиони жители или 73,3 насто од вкупното население, а во селата 1,9 милиони жители, или 26,7 насто од вкупното население.
Според статистичките показатели, во Бугарија на крајот од 2016 година се регистрирани 5.256 населени места – 257 града и 4.999 села. Скоро половина од вкупната популација на Бугарија живее во југозападниот и југо-централниот регион, а најмалку на северозапад.