Села бил „предупреден од новинарка“ дека ќе биде претепан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пратеникот Зијадин Села открива дека имал можност да го избегне крвничкиот напад врз него во Собранието, бидејки уште пред да влезе толпата размислувал дали да се качи во канцеларија или да оди во прес салата.

„Уште пред да влезе толпата, внатре со Рушити и Мемеди зборевме дали да се качиме во канцеларија или да одиме во прес салата. Кога тргнавме кон кацеларија пред нас застана „новинарката“, односно не знам што е точно по професија, инаку таа е личноста која цело време ме снимаше, „Никаде нема да одите, сега ќе видите што ќе ви се случи“, потсети Села и како што додаде него не му дозволувала културата да ја тргне од патот, па во тој момнент се вратиле и влегле во прес салата.

Села појасни дека оваа женска личност постојано го следела во Собранието и го снимала, а со неа и во нејзина близина секогаш бил еден од напаѓачите, кој носел фантомка на главата и маица со број 6.