Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Доколку децата ви се на возраст меѓу десет и 15 години ќе бидете изненадени од следниот податок. Врз основа на петгодишната студија спроведена од страна на експертот за врсничко насилство Дороти Л. Еспелаж, 43 отсто од школските деца на таа возраст биле жртви на сексуално вознемирување во текот на претходната година.
Тоа е речиси половина од 1.300 испитани деца. Во претходната студија таа бројка била значително помала, тогаш една четвртина од испитаниците искусила таков вид вознемирување.
Дваесет и еден процент од децата искусиле допирање, штипкање или други контакти кои имале сексуална конотација. Осумнаесет отсто изјавија дека нивен врсник се допрел до нив на наметлив начин, 14 отсто биле жртви на сексуални гласини, а девет отсто се малтретирани со графити или пораки со сексуална конотација.
Но она што е загрижувачко е дека повеќето деца на таа возраст не го пријавиле овој вид на однесување, иако го опишале како прилично потресно.
– Учениците не ја сфатиле сериозноста на овие постапки, делумно затоа што нивните наставници и управата во училиштето не дале доволно простор за пријава на таквото однесување, појаснува Дороти.
На кој начин треба да се зборува со децата за сексуалното вознемирување?
Всушност, иако учениците изјавиле дека повеќето од инцидентите се случиле на места како училишните ходници, училниците, соблекувалните или часовите по физичко, каде училишниот персонал може мошне лесно да го согледа ваквиот вид на однесување, научниците велат дека наставниците не се свесни за фактот дека таков вид на вознемирување воопшто се случува во училиштето.
– Мошне обесхрабрувачки. Јасно е дека напорите со цел превенција мораат да станат приоритет во училиштата, потребно е да се формира персонал, кој ќе биде задолжен исклучиво за детектирање на сексуалното злоупотребување и воспоставување казнени мерки, доколку такво нешто не се случи. Една од целите на оваа студија е всушност желбата да се направи чекор кон тоа, вели Дороти Л. Еспелаж.
Таа одговори што родителите можат да сторат по ова прашање, се додека не се преземат такви мерки:
– Прво и најважно што родителите можат да сторат е да се информираат за оваа тема.
– Потребно е да ги сослушаат своите деца и да ги прашаат конкретно за случувањата и однесување во училиштето.
– Да обрнат внимание на игрите, кои ги играат децата (на целите и исходот од тие игри).
– Да се распрашаат за ставот и правилата на училиштето по ова прашање.
– Да бидат добри примери на своите деца.