Сексуален експерт има решение: Паровите во брак имаат ниско либидо и лош секс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првенствено, пристапете на проблемот со ладна глава и без паника

Колку сексуалниот живот моментално ве прави незадоволни, верувајте не сте единствени бидејќи многу парови во бракот ги мачи истата работа. Сексуалниот терапевт, др. Стефан Снајдер, авторот на книгата „Live Worth Making: How to Have Ridiculously Great Sex in a Long-Lasting Relationship“, тврди дека сексуалната желба никогаш нема да биде слична на онаа која сте ја искусиле во тинејџерските денови или раните дваесетти кога сте биле физички заљубени, но тоа е во ред.

Со годините се менуваме како личности, ни се менуваат потребите и желбите и тоа е нормално дека ништо не може да биде исто како порано. И не треба бидејќи може да ви биде и подобро. Еве како според Снајдер да имате одличен секс во бракот ако проблем ви претставува ниското либидо.

1. Не паничете

Сечие либидо има свој ритам, па осцилациите се сосема нормални. Др. Снајдер вели дека не можеме да очекуваме секогаш да ни се даде секс како по распоред. Може да се јават разни причини зошто токму во овој момент не треба да се земат предвид.

Главната причина не мора секогаш да биде заморот или оптеретеноста, туку и некои здравствени проблеми за кои важно е да се разговара со партнерот и лекарот.

2. Немојте да трошите пари, време е да ја вратите желбата

Секако дека ќе направите се што е во ваша моќ сексуалниот живот да ви биде барем блиску како на почетокот на врската, но тоа не значи дека морате да занемарите се останато додека не го решите проблемот со либидото. Разни сесии кај психолог би можеле да ви помогнат, но ако вие самите не ја најдете причината за проблемот и спремни сте да поработите на неа, не може никој да ви помогне.

Купувањето на вибратор и останати сексуални играчки и помагала исто така нема да го решат проблемот. Некогаш подобро е да ги прифатите работите онакви какви што се, да се трудите и понатаму, но да не очекувате чудо од себеси и партнерот.

3. Не можете да ја контролирате желбата, но…

Како што веќе споменавме, сексуалната желба нема on\off, ниту е возможно потполно да се контролира. Но, она на што можеме да влијаеме е опкружувањето во кое се наоѓаме и во кое се уште можеме сда се развиваме, зацврстуваме и оплеменуваме.

Нашите потреби и оние на нашиот партнер можат да се ризикуваат во даден момент, затоа е важно да се знае што не покренува, каде сме најсигурни и што ни е потребно за да се чувствуваме сакано и прифатено. Нема врска ако сте во брак пет или дваесет години, страста секогаш може да се врати назад.