Сексомнијата е опасна појава – еве што се случува ако страдате од неа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сексомнијата, иако според името можеби и не звучи така, за оние кои страдаат од неа и тоа како е сериозна состојба која може да ја уништи љубовната врска, но и самата личност која страда од неа да ја смести зад решетки. Имено, сексомничарите се сексаат и мастурбираат во сон, а следниот ден не се сеќаваат на ништо од тоа.

„Моторот работи, но нема возач зад управувачот“, се зборовите со кои еден адвокат ја опиша оваа состојба, при што не зборуваше за расипан автомобил, туку во одбрана на свој клиент обвинет за силување. Имено, тој воопшто не се сеќавал на сексот со жената која го обвини за сексуална злоупотрба, ниту пак во тие моменти имал контрола над себеси.

Но, во последно време, пишува News.com.au, сексомнијата сè повеќе се користи како одбрана во случаите со силување ширум цел свет. Минатата година, на насловните страни во британските медиуми, пукна случајот во кој Лоренс Барили беше ослободен од обвинението за силување бидејќи страда од сексоманија.

Неговата жена пред судот во Глазгов изјави дека „се будела со него додека тој ја сексал“.

„Не знаев што да мислам, мислев дека можеби е тоа негов начин да ја зачини врската“, вели таа..

Тој упорно тврдеше дека не се сеќава на тие инциденти, за кои жената изјави дека ги имало стотина. Кога го прашала за тоа, тврдел дека станува збор за сексоманија. Судото го ослободи од обвинувањата за силување.

Сексот е лош и роботски

Експертите велат дека сексомнијата е вид на парасомнија, абнормално однесување кое се појавува за време на длабок сон. Во текот на сонот, некои кои страдаат од сексомнија се допираат и самозадоволуваат, а други се обидуваат да имаат сексо со оние кои во тој момент се во нивна близина.

Според сведоштвата од оние кои посведочиле такви случаи, кај сексомнијата не станува збор за добар и квалитетен секс, туку за автоматизирано и роботоско сексуално дејствие.

Нема многу сексомничари

Сексомнијата е доста ретка состојба, особено во споредба со, на пример, месечарењето, а од неа многу почесто страдаат мажите. Клиничкиот психолог и професор од Универзитетот Викторија во Мелбурн, вели дека во 20 години своја професионална работа видел „само четири или пет вистински случаи на сексомнија“.

„Луѓето кои страдаат од сексомнија обично имаат долга историја на месечарење или друго необично однесување во сон“, вели тој за The Vice. „Лицето нема сексуални соништа, туку се однесува автоматски“, објаснува психологот.

Иако причината за ова однесување уште не е позната, истражувачите сметаат дека иницијатори за таква компромитирачка епизода можат да бидат стресот, алкохолот, таблетите за спиење или недостаток на сон. Лечењето од сексомнија вклучува медитација за подобрување на квалитетот на сонот, советување со експерти и избегнување на алкохол и таблети за спиење.