Секси, префригана, но и фалбаџика: Руската „волчица од Вол Стрит“ падна во раце на властите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анастасија Циреншикова, руска студентка која за јавноста стана позната под прекарoт „Руската волчица од Волстрит“ е уапсена под сомнение дека е вклучена во даночна измама вредна 116 милиони фунти. Најлошо од сè е што ја издале фотографиите од гламурозниот живот на Инстаграм и Виконтакт.

19-12-ruska-volcica2

На интернет се појавија фотографии од 22-годишната девојка во затвор, каде што завршила со уште петорица соработници во криминалните активности осомничени дека префрлиле девет милијарди руски рубљи во даночните оази низ светот за провизија од 2,5.

19-12-ruska-volcica3

Анастасија се фалеше на социјалните мрежи како ужива во луксузниот животен стил, позира во тропски оази и пие скапоцени шишиња шампањско, објавувајќи атрактивни фотографии. Имајќи предвид дека официјално е студентка, било нејасно од каде ѝ се скапоцената облека и парите за познатите ресторани и дестинации.

19-12-ruska-volcica4

На една фотографија дури си играла и со лав кој стана ултимативен статусен симбол на богатите руски деца, но фотографиите на кои е зад решетки можеби подобро прикажуваат како нејзината иднина во Русија ќе изгледа. Башка, при апсењето во нејзиниот стан бил пронајден и кокаин, што дополнително ја комплицира нејзината ситуација и  ја зголемува вината.

19-12-ruska-volcica5 19-12-ruska-volcica6 19-12-ruska-volcica7 19-12-ruska-volcica8 19-12-ruska-volcica9