Секси Хрватка предизвика скандал во Италија: Ти комуњаро од Ливорно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватската манекенка која подолго време живее и работи во Италија, Нина Мориќ предизвика скандал во Италија!

Имено, за време на мечот меѓу Фиорентина и Јувентус (2:1), 40-годишната Мориќ се реши да ги брани интересите на своите сонародници, па на Фејсбук напиша:

„Без Пјаца и Манџукиќ, Јувентус би бил трети, внеси ги во игра, ти комуњаро од Ливорно!“


Ова беше насочено кон тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој е роден во Ливорно, градот кој во 1921 е основана италијанската комунистичка партија.

Се разбира, се јавија многу незадоволни од нејзиниот пост, па влезе во пресметка со нив, а притоа покажа уште познавање од историјата…

„Може ли некој љубезно, без навреди, да ми објасни, колкумина се најдоа навредени од моите зборови ’комунисту од Ливорно’, кои беа упатени кон Алегри. Не е тренерот на Јуве од Ливорно? Не е точно дека Ливорно е италијански град со најголема концентрација на комунисти? А не напишав дека Ливорно смрди на риба, или дека Пиза има прекрасна кула и природа која привлекува милиони туристи, додека во Ливорно има само сардини и рибари кои ги ловат“.