Сексапилната манекенка Џиџи Хадид го откри своето вистинско име


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во светот на модата името Џиџи Хадид последнава година е едно од најзвучните. Меѓутоа, многу малку луѓе знаат што пишува во графата за име од изводот за родени на оваа 19-годишна убавица.

Имено, Јелена Нора Хадид, позната по уметничкото име Џиџи Хадид, за Style неодамна откри дека нејзината мајка Јоланда, ѕвезда на реалното шоу Real Housewives of Beverly Hills, го измислила уметничкото име за својата ќерка.

„Мојата мајка бабата ја викала Џиџи, а тогаш почна и мене да ме вика со тоа име“, изјави Џиџи, а пренесува Elle.

Но, кога тргнала на школо, вели дека нејзиниот „прекар“ брзо станал и нејзино прво име. „Во прво или второ одделение, во мојот клас имаше уште едно девојче со име Јелена, па често настануваше забуна кога ќе учителката ќе повикаше една од нас. Затоа ја праша мајка ми за некој надимак со кој ме вика таа и мајка ми го кажа Џиџи“, објаснува манекенката.

Својот прв моден ангажман Џиџи го имала на две години, кога ја открил Пол Марчиано, основач на модната куќа Guess. Ангажманот беше во кампањата за линијата Baby Guess и веќе тогаш малата Џиџи покажала дека е предодредена за успех.

Тенот на Лорен Хатон, полните усни и русите локни во стилот на Венера од Ботичели и својот егзотичен изглед Џиџи го должи на својата мајка, по потекло од Холандија, бившиот модел Јоланда Фостер, и на својот татко, Палестинец, градежниот претприемач Мохамед Хадид.