Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менструацијата е нормален дел од животот на секоја жена, на кој таа се навикнува и не гледа како ништо чудно…
Сепак, за мажите овој процес на нашите тела е сè уште малку нејасен и скициран, без разлика колку пати ќе им објасните што всушност се случува таму. Кога сексот и менструацијата се комбинираат, слободно може да се каже дека и двете работи стануваат покомплицирани од вообичаеното. Ако не сакате да имате секс за време на менструацијата или вашиот партнер не сака да се впушти во таа авантура, знајте дека тоа е сосема прифатливо и дефинитивно не треба да се осудувате.
Како што вообичаено се случува, училишното и социјалното образование во оваа материја е нецелосно, па оваа комбинација ја карактеризираат разни стереотипи, кои ќе ги урнеме во остатокот од нашиот текст.
Мит 1: Нема ризик од бременост
Можеби најпознатиот мит за сексот и менструацијата. Според гинеколозите, секогаш имате ризик од бременост кога имате незаштитен секс. „Можеби е ретко, но е можно. Спермата живее до 72 часа во женската вагина по ејакулацијата, а доколку дојде до овулација, можноста за бременост е голема“, вели сексуалниот терапевт д-р Шенон Чавез. Во исто време, многу лекари тврдат дека дури и ако жената го следи циклусот и има секс во последните денови од менструацијата, постои можност овулацијата да започне порано и затоа да дојде до бременост.
Мит 2: Болестите не се заразни
Исто како митот 1, ова не е точно. Секогаш користете кондом, особено ако не сакате да забремените или да добиете СПБ. „Секоја размена на течности го фаворизира преносот на болеста, додека за време на овулацијата се менува pH вредноста на вагината и ризикот се зголемува.
Мит 3: Боли
Ако менструацијата се карактеризира со силни болки, помислата да имате секс во тие денови веројатно не е добра за вас. Сепак, оргазмичните контракции помагаат полесно да се отстранат крвта и ткивото на матката, па менструацијата може да заврши побрзо. Истражувањата исто така покажаа дека оргазмот може да помогне во ублажување на менструалните грчеви.
„Сексуалната активност ја ослободува напнатоста и ги релаксира мускулите на дното на карлицата, а со тоа ја намалува болката. Во исто време, многу жени пријавуваат зголемено еротско расположение, особено од третиот ден од менструацијата па наваму. Тоа е затоа што нивото на естроген и тестостерон повторно почнуваат да се зголемуваат во оваа фаза од циклусот“, вели Чавез.