Секс за кирија: Газди на станови место пари, наемнина наплаќаат „во натура“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двајца газди на станови кои како кирија, наместо пари, барале секс услуги од двојно помлади потстанарки беа фатени на дело и снимени во рамки на истражувањето кое го направи ВВС на оваа скокотлива тема.

Мажите, и двајцата од Бристол, нуделе бесплатно сместување, покривање на месечните сметки, па дури и покривање на други давачки на двојно помлади жени, а како противуслуга за возврат барале секс со нив, барем еднаш неделно.

Еден од мажите, наречен Мајк, на прикриената истражувачка новинарка од ВВС ѝ кажал дека може да добие дизајнерски уреден апартман со две спални, сите сметки платени, сето друго финансиски покриено, во замена за сексуални услуги.

Друг газда, Том, на 60-тина години, ѝ рече на репортерката Рејчел Стоунхаус: „Имаш недела или две, ако не си одма спремна на тоа. Но, на крајот, да, сексот е задолжителен“. На прашање од Рејчел дали мора да имаат секс, тој одговорил: „Сега се чувствувам посрамотен. Прави што сакаш, ако сакаш да водиш љубов, води љубов“.

Откако беше откриен и посрамотен, споменатиот Мајк рече дека „се преправал оти е газда и дека пишувал роман за чии потреби сакал да направи истражување за злупотребата на жените во Велика Британија“.

Еве го видеото од овој прилог.