Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сопругата на славниот комичар и холивудски актер, Бил Козби, кој беше доби осудителна пресуда во случајот во кој беше обвинет за сексуално вознемирување и малтретирање на повеќе од 60 жени, веројатно се скрши психички и побара развод од својот сопруг.
Како што се чини, секс скандалот на нејзиниот сопруг беше преголем товар за Камила Козби, па таа побара развод од Бил после 54 години брачен живот со него.
Камила се иселила од нивниот заеднички дом во предградие на Филаделфија, што значи дека посрамениот комичар сега живее сам, во куќен притвор.
Извор близок до семејството вели дека Камила побарала развод, но дека Бил ја моли да се премисли и дека е скршен поради ваквата нејзина одлука.
Двојката е во брак од 1964 година и заедно имаат пет деца.