Секс скандал среде Холивуд: Имал мерак да им се „пика во гаќички“ на славните актерки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатиот холивудски могул и филмски продуцент, Харви Вaјнстин, пред неколку дена се најде во центарот на секс скандал, поради што преку ноќ доби отказ. Откако беше јавно обвинет за сексуално малтретирање, Холивуд се крена на нозе. Вајнстин очигледно ги премина сите граници, па многу познати дами од филмскиот свет започнаа да откриваат детали за неговото развратно однесување низ годините.

Меѓу првите кои проговорија за своите искуства со Вајнстин беше Ешли Џад која изјави дека неколку пати била повикана во неговата хотелска соба за „масажа“. Нејзината колешка, италијанската актерка Асиа Аргенто пак потврди дека ја силувал.

„Не сакаше да запре. Тоа беше кошмар“, раскажува Аргент и додава дека по нападот ја барал со месеци и и испраќал скапи подароци.

На листата на малтретирани жени се најдоа и Анџелина Џоли и Гвинет Полтроу. Додека Анџелина вешто го одбегнала и одбила повторно да соработува со него, Гвинет го замолила Бред Пит, со кој во тој период била во врска, да го реши проблемот.

„Сега е време жените да испратат јасна порака дека готово е со таквото однесување. Овој начин на третирање на жените мора да престане сега!“, вели Полтроу.

Досега 13 жени го обвинија продуцентот за сексуално малтретирање, а три од нив и за силување. Мира Сорвино и Росана Аркет се едни од оние кои откако ја одбиле непристојната понуда за секс, имале проблеми во кариерата и не можеле да добијат улога.

Легендарната Мерил Стрип, која во текот на својата кариера повеќе пати соработуваше со Вајнстин, јавно го осуди однесувањето на продуцентот велејќи дека жените кои застанале против него се вистински херои.

Од друга страна има и такви кои сметаат дека Вајнтин не направил ништо лошо. Дизајнерката Дона Каран ја разбесни јавноста со својата изјава дека можеби жените сами си го барале тоа што го добиле. По лавината критики, Каран објасни дека изјавата и била извадена од контекст.

Портпаролот на Вајнстин ги негираше обвинувањата за силување и истакна дека немал односи со ниту една жена на сила.